Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Дневните температури од 18 до 30 степени, во Битола до 25.

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Сподели