Вчерашниот шампионскиот натпревар на Еурофарм Пелистер против Тиквеш, започна со убаво потсетување на битолчани. Битолскиот клуб ја покани комплетната генерација која беше шампион во сезоната 2004/05, односно сега претпоследната шампионска генерација.

Тогаш Звонко Шундовски беше на клупата а на теренот, „зелено-белиот“ дрес го носеа Тоскоски, Ангелов, Манасков, Ангеловски, Николовски, Алушовски, Поповски, Спировски, Маљцев, Петровски, Јовиќ, браќата Мојсовски, Митевски, Зарков, Димовски, Димитровски.

Вчера во спортската сала беше и тогашниот претседател на клубот Пелистер, Спире Мавровски.
Повеќе од членовите на оваа генерација продефилираа на паркетот на спортската сала „Боро Чурлевски“ пред дуелот против Тиквеш.












