Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова информираше за денешната акција на криминалистичката полиција, која се спроведувала од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола, при што биле извршени 11 претреси на домови и други простории. Приведени биле 11 лица, а во акцијата биле пронајдени дрога, оружје и пари.