Претседателот на Антикорупциска поднесе оставка

0
170

Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски си поднесе оставка, потврдил тој за Телевизија 24.

Тантуровски утрово ја достави оставката до Собранието. Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков.

Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во комисијата која покажува дека дел од членовите фалширале патни налози за да земат повисоки суми за патни трошоци и ненаменски трошеле буџетски средства.