Претседателот на МОК во Пјонгјанг на средба со Ким Џонг-ун

0
144

Претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет Томас Бах се состана со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Пјонгјанг.

Бах изјави дека со Ким имал полчасовен формален состанок, по што  неформално разговарале 45 минути додека гледале фудбалски натпревар денеска попладне на стадионот Мај Деј во Пјонгјанг.

Тој му рекол на Ким дека го поддржува планот за учество на севернокорејските спортисти на Летната олимпијада во Токио 2020 година и Зимските олимписки игри во 2020 во Пекинг.

Тој е првиот странски официјален претставник кој се состанал со Ким откако севернокорејскиот лидер се врати од посетата на Пекинг, каде што разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг.