ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА

Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати.

Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).

Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ нема да може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, што е неопходно за победа во првиот круг, но дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац.

Право на глас имаат речиси 3,8 милиони гласачи, од кои околу 250.000 се активно регистрирани во странство. Над 6.750 избирачки места ќе бидат отворени за изборите.

Затворање на гласачките места е денеска во 19 часот, кога се очекуваат првите резултати од излезните анкети.

Државната изборна комисија ќе почне со објавување на првите нецелосни резултати од 20 часот.

На претстојните избори учествуваат вкупно осум кандидати, што е за три помалку од претходните во 2020 година.