Приведени Вељановски, Јанакиески и Ристоски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Петтемина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од кои тројца беа приведени попладнево, а двајца се водат како недостапни, се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вечерва излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнето беше приведен и осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет.

“По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор?, кратко изјави Вељаноски по излегувањето од судот.

За вмешаност во настаните од 27 април попладнето покрај поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, приведени се и поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политикаМиле Јанакиески и Спиро Ристоски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва соопшти дека повело постапка против петмина осомничени за случувањата во Собранието на 27 април , меѓу кои е и поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој е едно од двете лицата за кои се бара притвор, а се надвор од државата. Другиот за кој станува збор е поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој повеќе од една година е во Грција, објави Радио Слободна Европа.

 

Share.