Приведени двајца дилери на кокаин во Кичево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево и Л.Ф.(24) од село Мамудовци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Одделот за крим полиција во содејство со Секторот за внатрешни работи Охрид и Надорешната канцеларија за криминалистички работи Кичево по претходно добиени сознанија дека две лица вршат продажба на наркотична дрога кокаин, на 12.03.2018 година изврши претрес во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живееат под наем. На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и истата ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија. Дополнително истата успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени. При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин, соопшти МВР.

Share.