На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода 21 годишно лице и 31 годишно лице, двајцата со престој во Битола. Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 21 годишното лице, а совозач бил 31 годишното лице, а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница.
Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Битола.
Фото: Илустрација












