Приведен напаѓачот на пратеникот Милевски

0
1088

Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП  Горан Милевски, изјави вечерва  министерот за внатрешни работи Oливер Спасовски.

Спасовски во интервју за Канал 5 вели дека станува збор за лицето П.В од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата.

Тој изрази благодарност до сите граѓани кои доставиле информации и податоци за лицето на фотографијата, која беше објавена во јавноста и кое се поврзуваше со нападот на Милевски.

Според него, МВР очекува од Јавното обвинителство да ги даде насоките за целосно расчистување на овој настан и за откривање на мотивите.