Приведен поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата

0
166

Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија дел од медиумите.

Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата.

Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека е приведен Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР).

novatv.mk