Придобивките на органското производство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зошто да бидам органски производител?, Како да се сертифицирам за органско производство?, Кои семиња, каква заштита, кои советодавни услуги им се потребни на производителите за органско производство?,Kои се потребите на пазарот за свежи органски производи? За овие прашања денеска на заедничка маса седнаа и дискутираа засегнатите страни на инфо сесија за органско замјоделско производство. Од страна на менаџерите за зелена економија при програмата за зголемување на пазарната  вработливост, на учесниците им беше претставена програмата за органското производство, со цел фармерите да ги разберат предностите во однос на внатрешните и надворешните пазари, да ги знаат импутите кои што се употребуваат во органското земјоделие како и начинот на сертификација на истите.

– Во последниве 10 -тина години има голем тренд за побарувачка на органска храна како во Македонија така и во целата Европа. Претходниот месец бевме на најголемиот органски саем во светот, каде што ни потенцираа дека постои недостаток на органска храна и има потреба посебно за европскиот пазар за органски производи. Од тој аспект потенцијалот е доста голем, меѓутоа недостигаат количини и организираност кај самите фармери за производтство на такви производи, изјави Игор Мишевски, менаџер за зелена економија од ИМЕ програмата.

На инфосесијата беше потенцирано дека побарувачката за органските производи е во постојан пораст и постоечката понуда не е во можност да ја задоволи, заради тоа и цената на органските производи е повисока. Но колку Македонија е погодна за органско производство?

– Ние како држава и како земјоделство во Македонија веројатно сме многу погодни за производство на органско производство, немаме тешка индустрија немаме некои загадувања, ни треба само еден импулс за тоа како нашите производи да ги конвертираме во органски. Ние веќе ги имаме контактите од Европа и од други светски држави кои што бараат конкретна еко култура, тие култури ние ќе мораме заедно со земјоделците да ги отвориме разговорите и да видиме дали може да се произведе по позната цена, рече Ѓорѓи Ѓорѓиевски од компанијата Агриком.

Еден од присутните на сесијата беше и Менде Трајковски кој што веќе 11 години е производител на органски мед. Кои се проблемите со кои се соочуваат најчесто фармерите при органското производство?

– Граѓаните сеуште не се доволно навикнати, не се едуцирани да знаат да ја препознаваат органската храна и да прават разлика, и да се сигурни дека сепак оваа храна е безбедна, и од тие причини нормално е дека ќе има разлика во цената, рече Менде Трајковски, производител на органски мед.

Инфо сисијата беше заокружена со став дека органскиот сектор е најбрзо растечкиот сегмент во земјоделството, органските производители работат во склад на природата, и органското производство го штити здравјето.

 

 

Share.