Прилепчанки подготвија 70.000 сарми за празникот „Свети Никола“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Прилеп традиционално по 13 пат, годинава е организатор на чествувањето на градската слава „Свети Никола“. Домаќин на чествувањето, поточно кум на градската слава овој пат е семејството на градоначалникот Илија Јованоски.

Од општината најавија дека годинава патрониот празник на градот, ќе се чествува во духот на еднаквоста и хуманоста, без поделби на богати и сиромашни, односно без свечени ручеци во ресторани.

– Јас сум градоначалник на сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност. Затоа обврските околу годинешното кумство, ги презеде мојата сопруга Виолета Јованоски, како претставник на нашата фамилија. Сакам да кажам дека во духот на св. Никола како заштитник на морето, морепловството,децата и сиромашните годинава за прв пат, ќе чествуваме во духот на еднаквоста и хуманоста. Во центарот на градот ќе се служи една свечена, посна трпеза, а прослави во ресторани ќе нема. Второ, за да ја поттикнеме хуманоста, организиравме со здружението ‘Епилепсија Македонија’ и со о.о. на Црвен Крст, хуманитарна акција. Сакаме да покажеме дека хуманоста нема име, има само срце. Затоа донациите од граѓаните во неколкуте маркети во градот, беа спакувани од млади волонтери, а потоа екипи од центарот за социјална работа ги дистрибуираат до семејствата –на кои што оваа помош им е најпотреба. Вака покажуваме почит, го штитиме достоинството на сите наши сограѓани, далеку од камерите,без помпа, без популизам – порача градоначалникот Илија Јованоски.

Share.