„Прилично сме добро, но мноту тешко“ вели во разговор за Тера телевизија, Рашел Шели Леви Друмар која денеска живее во Израел, a е родена во Македонија и е внука на д-р Хаим Абраванел, првиот интернист во Битола, чие име денес го носи Здравствениот дом во Битола.
Таа живее во близина на Тел Авив и вели дека таму е релативно мирно, но во првите денови имало доста сирени за воздушна опасност, ракети, заради што морале да одат во скривници, но дека сега е релативно мирно, но воена е состојбата, каде што институциите не работат, продавицниците се затворени, работат само оние за храна, се движат и надвор, но мораат да бидат блиску до засолништата.
Вели дека сега не е како што беше за првиот напад, во првите денови, секој ден се откриваат уште мртви и дека гледаат страшни слики.
„Во Битола во март бевме вклучени во Маршот на живите, меморијално чествување за да се потсетиме на лицата кои загинаа во холокаустот. Тогаш пораката беше „Никогаш повторно“, но тоа никогаш дојде токму сега. Ова што му се случува сега на Израел мислам дека е најблиску до холокаустот. Ова не е човечко и ми е страв да не биде како канцер, почна тука, а метастазите да отидат низ цел свет“, вели Друмар за актуелната војна во земјата.












