Притворен битолчанец кај кој е пронајден хероин

0
2452

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното Јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против Б.Е (55) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прокурсори” казниво по член 215 од Кривичниот Закон на Р.Македонија.
Пријавениот на почетокот на Април 2018 год. од непознато лице неовластено набавил наркотична дрога „Хероин“ која ја препаковал во помали паковки и неовластено му ја нудел на продажба на лица наркозависници на подрачјето на Битола.  Полицијата одзела 243 гр. хероин. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.