Притвор за 30 годишен битолчанец кај кој полицијата пронашла хероин и марихуана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против О.П(30) од Битола заради постоење основано сомнение за извршено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги ,психотропни супстанци и прокурсори.предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот Закон на РМ.
Пријавениот подолг период од непознато лице во поголеми количини, набавувал, држел, нудел на продажба и продавал наркотина дрога хероин и марихуана, која потоа во својот дом ја препакувал во помали паковки и ја продавал на зависници.
На 28.02.2018 год. по претходно добиена наредба од Основен Суд Битола, беше извршен претрес во дом и други простории, како и во неговото патничко моторно возило.
При претресот пронајдени се и со потврда одземени три најлонски паковки со прашкастата материја со нето маса од 74,08 гр. хероин, една најлонска паковка со растителна материја нето маса од 94 гр. марихуана, дигитална вага со траги од прашкаста материја, една дробилица во внатрешноста со траги од растителна материја, како и банкноти во различни апоени во висина од оклу 57.000 ден.

Од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.

фото: архива

Share.