Цел ден траеше амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Откако доцна вечерва амандманите поминаа на комисијата за финансии и буџет, сите 23 амандмани предложени од сите партии, се најдоа на гласање на пленарната седница.
Сите 23 амандмани беа изгласани, но за најголем дел од нив без гласовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, а беа усвоени со гласовите на СДСМ и коалицијата, Поинаку и Левица.
Амандманите станаа дел од првата точка за измени и дополнувања на буџетот за 2023 година.
За ребалансот гласаа 29 советници, со што претседателката на Советот, Габриела Илиевска констатираше дела ребалансот е усвоен.
По ова продолжи седницата со преостанатите точки кои само се гласаат, без да има претрес за нив.












