ТЕРА

REKLAMA???

ПРИФАТИЛИШТЕТО ВЛЕЗЕ ВО СОВЕТОТ. А, КОГА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ?

Откако прифатилиштето за бездомни животни ја доби согласноста од Агенцијата за храна и ветеринарство, по како што беше кажано повеќе месечно чекање, тоа се уште не може да биде ставено во функција. Процедурата сега е префрлена во Советот на Општина Битола. Тоа значи носење одлука за давање на стопанисување на недвижен имот „Прифатилиште за сместување бездомни и нерегистрирани кучиња” на ЈП „Комуналец” Битола.

На седница на Комисијата за финансии и буџет се најде и оваа точка, пред да оди на пленарна седница. Потребата за ова на седницата на комисијата ја образложи секретарот на општината Димитровски.

Претседателката на Советот праша за капацитетот, Димитровски одговори до 55 колку што стои во образложението. Следното нејзино прашање беше за тоа коку време тие кучиња ќе бидат чувани и за колку време ќе бидат вратени на локалциите од каде што се заловени.

Димитровски ја објасни процедурата согласно законот.

На ова Илиевска со констатацијата дека се нема точна временска рамка за колку време кучињата би биле вратени од локацијата од каде што се заловени. Димитровски продолжи да  и објаснува.

Прашање имаше и за тоа дали се има регистар за тоа колку бездомни кучиња имаме да територијата на Битола. Димитровски потсети дека направен беше извештај и анализа која се разгледуваше на Совет, биле доставени како материјали. Во тоа Илиевска небила сигурна дека има таква информацијата. Исто така таа рече дека не била сигурна дека Комуналец има програма, но и за тоа до каде е постапката за отворање на дејност. Во продолжението Димитровски беше изнеднаден од како што рече нејзината неинформираност. И уште еднаш потенцираше дека не очекувал дека таа е неинформирана.

Следната седница ќе биде на почетокот на јуни, а Илиевска искажа верување дека сите советници ќе дадат подршка. Но, после тоа ќе треба тендер за избор на ветеринарно друштво кои што ќе ги врши здравствените услуги.

Прашање и од советникот Трајковски од Левица околу капацитетот и дали се работи за друг проект, а не за оној за кој зборувале.

И тука почнаа кавгите за прифатилиштето, за настрешницата, за капацитетот. Иливеска не му дозволи на секретарот на општината да поставува прашања оти како што рече тој тука е во својство на административен работник.