Прифатилиштето за кучиња во близина на Полигонот

Денес во салата на Советот на Општина Битола, се одржа Јавната Презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела со намена В2-прифатилиште за кучиња на дел од КП бр. 25/1, КО Битола 5.
„Изработена е локално урбанистичка планска документација во делот некаде каде што ни се наоѓа Полигонот. Денеска ја имаме јавната расправа за давање на сугестии, со што се отвора можноста да решиме еден горлив проблем кој постои години наназад и да имаме некое системско решение за оние кучиња скитници кои ги има за жал во огромен број и во нашата општина и во другите градови“, рече Петровска.

 

Сподели