Пријавување лица за вакцинација во домашни услови

Министерството за здравство информаира дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. 

Министерството ја објави листата со телефони за закажување. Ова се броевите на здравствените домови од овој регион:

Здравствен Дом Битола –  075 263 886 закажување од 17 до 18 часот;

Здравствен Дом Демир Хисар – 075 662 469 закажување од 13 до 14 часот;

Здравствен дом Кичево – 075 613 451 закажување од 08 до 10 часот;

Здравствен дом Крушево – 078 315 487 закажување од 12 до 13 часот;

Здравствен дом Македонски Брод – 045 274 151 закажување од 10 до 15 часот;

Здравствен дом Прилеп – 078 313 625 закажување од 08 до 12 часот;

Здравствен дом Ресен – 070 290 017 закажување од 12 до 14 часот;

 

 

Сподели