Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мeсец септември и почетокот на октомври ке се организира и реализира планираната есенска екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците и да презентираат лична карта и талон од пензијата.
Предност ќе имаат пензионери кои досега не ги искористиле планираните екскурзии.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите,се вели во соопштението на Здружението на пензионери од Битола.












