Пробајте си ја среќата викендов на Connect beach со Лотарија на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ако работната недела е тешка, со притисоци од времето во кое што живееме, тогаш викендите се вистинското време кога може малку да се оддели време и за семејството и за себе.За претстојниот викенд и времето ни оди во прилог, барем според информациите од УХМР.

Во текот на следните денови и туристичките центри во државава поточно Струга, Охрид, Преспа и Дојран ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе услови сончево и топло време со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.Максималните дневни температури во текот на следните денови во Струшко ќе се искачуваат некаде до околу 28, 29 степени, Слични температури ќе има и во Охридско, во Преспа истите ќе се искачат некаде до околу 28, 29 степени додека во Дојран до околу 33, 34 степени.

Температурата на водата во Охридското Езеро ќе биде 25 степени, во Преспанското 23, а во Дојранското Езеро 36 степени.

Како предог дестинација ние за овој викенд ви ја препорачуваме Преспа, односно плажата Конект во Сливница. В недела сите вие кои ќе се одлучите да ја посетите оваа плажа, покрај топлата и чиста вода за капење, песокот, лежалките, и вкусната храна, ќе можи да земите учество и во наградната игра на државната лотарија на Македонија. Од страна на Маријана Станојковска ќе бидат доделени голем број на награди, а главната  награда е Тојота јарис хибрид.

 

Share.