Проблемот со смртноста кај бебињата и родилките треба да се решава системски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Каде лежи вината за високата смртност кај новороденчињата во земјава? Во јавноста ова прашање предизвика лавина реакции откако министерот за здравство Венко Филипче, делумната одговорност ја префрли и кај жените. На оваа тема денеска разговоравме со д-р Таше Трпчевски, субспецијалист гинеколог акушер од приватната болница „Плодност“.

-Јас не би сакал да го кометирам министерот за здравство, тоа си е негов личен став, меѓутоа ние си имаме наши ставови за кој што мислам дека постојат проблеми во перинаталната заштита во Македонија. Исто така беа кометирани изјавите на многу новинари, каде се сега матичните гиниколози , за тоа дека превенцијата на предвременото породување и најдобра превенција за смртноста на новородените или смртноста на мајките. Јас мислам дека нашите матични гинеколози се доволно едуцирани и одлични се во однос на превенцијата на перинаталната заштита. Секогаш присуствуваат на семинари, конгреси за едукација кои што ги организира здружението на гинеколози во Македонија, и мислам дека не е тоа причината за предвремените породувања, бидејќи и во развиените земји и колку да сакате да превенирате предвремено породување, во пораст е предвременото породување, вели д-р Таше Трпчевски субспецијалист гинеколог акушер од Болница „Плодност“.

Во развиените земји бројката на предвремено породување изнесува некаде околу 7%, во средно развиени 9%, а во неразвиените земји од 12 до 12,5 %.Ние сме држава која што не е развиена .

-Малкумина знаат дека причините за предвремено породување во 50% од случаите се непознати. Значи покрај причините од страна на мајката и причините од страна на новороденото (интеракцијата од страна на мајката и плодот, некој непознат имунолошки одговор) некаде 50% не се познати. И покрај тоа што во светот се преземнаат многу мерки за превенција на предвремено породување, сеуште не се постигнати добри резултати. Но каде е таму успехот? Зошто имаат тие помала смртност на новороденчиња или на предвремени породувања? Тоа се должи на резултатот на интензивната неонатална нега која што таму е мошне развиена а кај нас не е таков случајот, вели д-т Трпчевски

Пробелмот е системски вели тој.

– Од минатото е оставено болниците кои што се занимаваат со секундарна дејност да ги испраќаат сите предвремено родени на Гинекологија во Скопје. Јас ги оправдувам во каква ситуација се наоѓаат колегите, заради огромна преблокираност. Имаме многу повеќе потреба од интензивна неонатална нега или перинатална нега, отколку што е капацитетот на самата болница. Пред 15 до 20 години одлично функционираше  болницата во Прилеп, болниците во Гевгелија, Струмица, Штип, итн. За жал заради недостаток на кадар сите ризични мајки со ризични бремености со предвремени породување се префрлуваат во клиниката во Скопје, која што во моментот не е способна да даде соодветна грижа. Значи недостасува персонал. Едно од системските решенија е вработување на стручен кадар, вели д-р Трпчевски

Треба да се посвети големо внимание на перинаталната заштита и да и се даде поголема организација. Потребно е да се направи реорганизација, во смисла на категоризација на одредени нивоа на перинаталната заштита односно да се одредат:ниско, средно, високо и највисоко ниво на перинатална заштита.

-Тоа значи дека сите родилки кои што имаат нормална бременост треба да се пораѓаат во центри кои што на прво ниво ќе ги згрижуваат родилките. Сите оние кои што имаат ризична бременост и фактори на ризик да се породат меѓу 34 и 36 недела, треба да се испраќаат до центрите на секундарно ниво. Сите оние кои што имаат ризична бременост од 28 до 34 недела потребно е да се испраќаат на терцијарно ниво, и оние кои што имаат голем ризик со разни болести во бременоста или породени пред 28 недела, а границата на породување и шаните плодот да биде жив, сега се помери во подолна граница од 22 до 28 недела. Ако така се постават работите тогаш мислам дека ќе се намали и смртноста на новороденчињата и смртноста на мајките, додава д-р Трпчевски

Во Македонија не функционира транспортната служба. Ако во некој центар кој што не е адекватен за пороѓај се породи новородено кое што е предвремено породено, недостасува адекватен транспорт со адекватни амбулантски возила кои што ќе бидат добро опремени и со добра екипа.

-Ние имаме две возила. Едното го чуваме за специјален транспорт, за евентуален хитен пренос. Покрај регионализацијата, многу е битно жените да добиваат соодветна терапија кога ќе се предвиди ризикот на бремената , примарна терапија. Тоа е терапија да го одложи раѓањето колку што може повеќе, и секундарна терапија која што подразбира примање на терапија со која што ќе се зголемат шаните на плодот за преживување, вели д-р Трпчевски

Тоа е реален проблем во сите неразвиени земји вели тој и додава дека ние не сме имуни на тоа. Со малку памет и добра организација ке има добри резултати вели д-р Таше Трпчевски.

 

Share.