Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерство за труд и социјална политика предложи, а владата ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година.

Со оваа програма се утврдуваат корисниците, мерките, носителите, извршителите и обезбедените средства за персоналната асистенција на лица со попреченост со цел да се придонесе за нивното независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Мерките од Програмата ќе им помогнат на лицата со попреченост во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, за учество во образованието и на пазарот на трудот и други активности, кои лице без попреченост вообичаено би ги извршило без поддршка, соопшти Владата на Македонија.

Share.