Продаваа кафе и чај за хуманитарни цели

0
1498

Младинската организација на СОЕУ “Јане Сандански”-Битола организираше хуманитарна акција за децата со посебни потреби од ОУ “Ѓорѓи Сугарев”-Битола.

Нивниот штанд беше поставен пред Веро на Широк сокак со цел собирање на парични средства од продажба на кафе и чај во период од 19 до 22 февруари каде што учениците кои што се претпладневна смена на училиште беа на штандот попладне, а оние кои се попладневна смена доаѓаа на штандот претпладне.

Со собраните средства ќе се обезбеди училишен прибор за децата кој подоцна лично ќе биде доставен до училиштето и децата.


„Со голема желба и упорност се надеваме дека оваа акција ќе биде успешно реализирана и завршена“ велат ученците од ова училиште.