Продавачите на јајца секоја година ја бараат ланската

0
741

Годинава најголемиот христијански празник ќе го прославиме по стари цени. На битолскиот пазар пред најголемиот Христијански празник Велигден табла со јајца можете да купите по цена од 150 до 220 денари, во зависност од големината и класата.

Намалена е потрошувачката велат продавачите. Ги прашавме на што се должи намалената потрошувачка.

-Па сега дистрибуција на јајца има на повеќе места, велат тие, од друга страна и пензијата сеуште не е префрлена на сметка на граѓаните.

Јајцата пак од селските кокошарници се продаваа по цена од 10денари за парче.

За адетот со вапцување јајца за христијанскиот празник Велигден еднакво се продаваат сите големини јајца. Трговците велат дека некои домаќинки ги купуваат малите јајца, бидејќи мислат дека помалку пукаат при варењето, а некои ги бараат оние со стандардната големина од 65 до 75 грама. Ги прашавме Битолчани дали се задоволни со цената на јајцата?

Повеќето анкетирани одговорија дека се задоволни со цените на јајцата.

Продавниците се преполни со шаренолики украси кои што го најавуваат христовото воскресување, продавачите на украси велат дека продажбата не е како годините наназад, се намалува продажбата.

Од 10 до 40 денари се продаваат украсите, цената на украсните свеќи кои се разчна изработка се од 30 до 150 денари. Највеќе се купуваат свеќите на кило, нивната цена е 240 денари.

Сеуште траат велигденските пости, домаќинките утре пред изгрејсонце ќе ги вапцуваат првите велигденски јајца.