ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор го објави огласот за продажба на станови со гаражни места во Битола по пат на усно позитивно јавно наддавање.

Предмет на јавното наддавање е станбена единица (во градба) со 65 (шеесет и пет) станови со паркинг места и 7 паркинг места во Битола.

Огласот е објавен на интеренет страницата на АД за станбен и деловен простор, каде ги има пријавата за становите во градба и пријавата за паркинг места, исто така дадени се подетални информации, како и шемите на станови и паркинг места.

Огласот е отворен од 10.02.2025 до 03.03.2025 година.

Исто така во објавата објавени се и правилата за начинот и постапката за спроведување на јавното усно наддавање за продажбата. Постапката за јавното наддавање ја спроведува комисија за јавно наддавање и таа се одвива во три фази.

-првата фаза подразбира утврдување кандидати кои ги исполнуваат условите  за учество на наддвањето,

-втората фаза е идентификација и регистрација на учесниците и

-третата фаза е наддавањето.

” Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме 4 згради да работиме, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што во овие четири места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме со наша интервенција цените на пазарот да ги намалиме”, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на почетокот на ноември ланската година церемонијално го означи почетокот на изградба на нова комерцијална зграда во АРМ четврт 1.

Тогаш беше кажано дека се очекува зградата да биде готова во 2026 година.