По еднонеделното примирје, Израел вчера изврши нови напади врз Појасот Газа. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, соопшти дека речиси 200 Палестинци се убиени од прекинот на привременото примирје меѓу Израел и палестинската група, објавува британски „Гардијан“.
– Ги гаѓаме воените цели на Хамас низ појасот Газа, изјави портпаролот на Изралеските одбранбени сили Џонатан Конрикус.
Палестински извори, пак, соопштија дека по прекинот на примирјето и продолжувањето на непријателствата, вооруженото крило на Хамас добило „наредба да продолжи да се бори“ и да „го брани Појасот Газа“.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека изутринава се огласиле сирените за воздушен напад во пограничните населби Холит и Суфа на југот на Израел. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.













