ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДОЛЖИ БИТКАТА СО СНЕГОТ

Сите улици од прв приоритет се исчистени, а интервенцијата продолжи и на другите улици, како и оние на повисоките места, каде со мали машини се интервенира, велат од зимската служба на Битола.

Механизација ги чистеше и пешачките патеки.

Кон сите населени места во Општина Битола, како што вели директорот на „Нискоградба“ проодно е, а денеска зимската служба пристапи кон пробивање на патот кон село Гопеш.

Се уште не е пробиен стариот пат од село Дихово кон Нижеполе. Но, попладнево бевме информирани дека и тој пат е пробиен.