Продолжи чистењето на речното корито

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Нискоградба“ продолжи со чистењето на речното корито. Сега интервенцијата е од  месноста „Црн мост“ до „Железнички мост“, односно во должина од околу 2 километри.

„ Станува збор за редовна програмска активност и обврска на нашиот комунален сервис. Во оваа фаза нашите екипи вршат остранување на треви и други растенија кои нараснале на одредени делови внатре во речното корито. Во овој период од годината во реката нема многу вода, односно протокот е регулиран, а тоа пак ни овозможува поефикасно извршување на задачите. Во втората фаза ќе бидат исчистени сметот и други пречки на кои не им е местото во коритото но за жал несовесни граѓани ги фрлале во коритото, и во последната фаза ќе бидат исчистени наносите од земја и камења кои ги регистриравме на неколку делови од речното корито. Со оваа активност нема да има пречки за протокот на водата во реката Драгор“ вели Методија Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

Share.