Продолжуваат антивладинте протести во Ерменија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Десетици илјади ерменски антивладини демонстранти не го послушаа полициското предупредување и синоќа се собраа на централниот плоштад во главниот град Ереван, откако полицијата го уапси лидерот на опозицијата Никол Пашинијан.

Тој беше притворен кратко време по неуспешните разговори меѓу него и премиерот Серж Саркисијан. Претходно ерменскиот премиер Саркисијан за телевизијата А1 плус изјави:

„Ова не е дијалог, не се разговори, туку едноставно ултиматум и уцена на законската власт. Вие не го разбирате обемот на одговорност, не ја научивте лекцијата од 1 март 2008. Ако продолжите да зборувате на ваков начин, можам само да ви дадам совет да се вратите во правната област и во рамките на логичките активности. Инаку, целата одговорност ќе лежи врз вашите рамења, изберете“.

Пашнијан пак изјави дека нема да подлегне на ултиматумите на власта:

„Никој не се осмелува да ни зборува на јазикот на закани, не ја знаете ситуацијата во земјата и не е тоа што беше пред 10 до 15 дена. Ситуацијата е променета, немате моќ како што велите. Власта во Ерменија е во рацете на народот“.

Share.