Продолжува дезинфекцијата на населбите во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик, стои во соопштението од Општина Битола.

Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“. ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот.

Екипите се на терен, а Вие, #СедетеДома, апелираат од Општина Битола.

Share.