Продолжува намалувањето на бројот на хоспитализирани лица

Утрово вкупниот број на хоспитализирани лица во Ковид центарот во Битола е 77. Во изминатото деноноќие испишани биле 13, а примени 4 пациенти.

Прочитај и: 15 нови случаи во Битола и 30 оздравени пациенти

До утрово имаше еден починат пациент на 70 годишна возраст од Демир Хисар.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1085 и има околу 757 празни болнички кревети во ковид центрите.
Сподели