Продолжува седницата на Комисијата за уставни прашања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска попладне продолжува работата на Комисијата на Собранието на Македонија за уставни прашања по предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Седница на Комисијата почна во средата, а расправата по предлогот за пристапување кон измена на Уставот, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно

Share.