Продолжува судењето за настаните од 27 април во Собранието

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со сослушување на четворица сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Судијката Добрила Кацарска наведе дека предвидено е денеска да бидат сослушани четворица сведоци, додека в четврток петорица, а в петок обвинителството да приложи дополнителни докази. Таа наведе дека веќе следната недела се планира обвинетите и нивните бранители да почнат со изнесување на завршните зборови.

Share.