Продолжува судењето за „Поткуп“

0
274

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот „Поткуп”, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ).

Слушањето на разговорите од ПИ мерките поврзани со предметот почна на минатото рочиште без присуство на јавноста во судницата.

Премиерот Заев по завршувањето на минатото рочиште рече дека со слушањето на разговорите ќе се продолжат денеска и оти тоа ќе трае сѐ додека не се преслушаат сите, по што ќе се продолжи со останатата доказна постапка.

Според Заев во разговорите апсолутно нема никакви докази и оти станува збор за редовни комуникации на тогашен градоначалник со осомниченото лице и сите други лица, како што се директори на институции, граѓани кои се јавуваат кај тогашниот градоначалник на Струмица.