Продолжува судењето за „Тенк“

0
117

Рочиштето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство кој се однесува на набавката на владиниот Мерцедес,  продолжува денеска со почеток во 10 часот и 30 минути.

Судијката го одби барањето да не закажува рочиште за утре, бидејќи екс премиерот Никола Груевски кој е обвинет во овој предмет, како пратеник сакал да присуствува на собраниската седница за интерпелација на владата.

До доцна синоќа, прислушуваните разговори кои се доказ во овој предмет беа пуштани  во судницата откако беа одбиени приговорите на одбраната на обвинетите. Цели единаесет часа,  Груевски заедно со своите адвокати ги поминаа во судница на рочиштето за набавка на луксузниот Мерцедес.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа”, а закажана е и главната расправа за предметот „Тотал“.