Проекција на кратки филмови во Битола, Гермијан и Буково

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ученици од 6то до 9то одделение ќе бидат дел од Фестивалот на мала школа за краток филм, кој од 21 до 25 октомври ќе се случува во Битола, а со цел доближување на младите до филмот и кино салите, како и францускиот јазик.

Прашавме колку младите се заинтересирани за изучување на францускиот јазик.

Освен во Битола, француски филм ќе се гледа и во битолските села Гермијан и Буково.

Преку овој фестивал сакаат да претстават други форми на филмови, кои се помалку познати.

Овој фестивал е во организација на Француската алијанса, а поддржан од општината Епинал, Франција, како и Меѓународниот фестивал за филм Нанси.

Share.