ТЕРА

REKLAMA???

ПРОИЗВЕДЕНИ 19.254, А ПРОДАДЕНИ 330 МЕГАВАТ ЧАСОВИ НОЌНИ ВИШОЦИ

АД ЕСМ на 15.01.2023 година произведе 19.254 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.763 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.491 MWh.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 MWh ноќни вишоци електрична енергија.

Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 15.01.2023 година, стои во соопштението од Владата.