Производите со амбалажа и дома да се дезинфицираат

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Постојано се апелира на максимално одржување хигиена, постојано миење раце или средство за дезинфекција на рацете. Но, граѓаните се прашуваат што со производите кои се купуваат во маркетите? Иако последните неколку денови во поголемите маркети на влезот ве пречекува вработен кој ве прска со дезинфекциско средство, се препорачува, производите со амбалажа и дома да се дезинфицираат.

-Доколку произодот има амбалажа убаво е да се дезинфицира дома, дезинфициентот може да го набавите, но и сами да го направите. Со алкохол од аптека, вода и со пластична прскалка испрскајте и е безбедно за користење, изјави д-р Силвана Петрова-Насух од лабораторијата „Д-р Костурски“.

Со мерките се ставаат под контрола на граѓаните кои ги допираат производите.

-Веќе вработените во маркетите имаат поголема контрола на она што се допира, како што е лебот на пример. Овошјето мијте го со вода со сода бикарбона, а потоа исплакнете со ладна вода, вели таа.

Инаку во поголемите маркети се преземаат мерки за заштита и превенција од коронавирусот, како на вработените, така и на просториите и предметите.

Share.