Пролетна системска дератизација во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од денес до 26 април , на подрачјето на општина Битола ќе врши превентивна систематска дератизација. Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола информираат дека превентивната систематска дератизација , односно поставувањето на отровни мамци за уништување на глодари претставува општа против епидемиска мерка која се реализира секоја пролет и е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести.
Со дератизацијата ке бидат опфатени:
    Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
    Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.
    Прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горе наведените реони;
    Дератизација на јавната депонија Мегленци и диви депонии во градот.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат три екипи во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник на ЈП Нискоградба. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на парафински блокови (отровни мамци) со сина  боја во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Од ЦЈЗ од Битола упатуваат апел до граѓаните посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им се овозмои непречен пристап до шахтите.

Апелираат  граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите и доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во Центарот за јавно здравје Битола.

Share.