Пролет го совлада Еурофарм, Пелистер остана без Европа

0
533

Во последното коло од плеј-офот Пелистер славеше во Охрид со 24-32 , но и со оваа последна победа Пелистер остана за еден бод покус од Пролет на петатата позиција на табелата.

Томислав Јагуриновски со осум гола го предводеше Пелистер во последниот триумф сезонава, Реваз Чантурија постигна шест, а Жарко Чуриќ пет гола. Кај Охрид најефикасни беа Јовица Младеновски и Иван Тасески со по четири гола.

Ракометарите на Пролет со победа над Еурофарм Работник 22-19 во рамките на последното коло од Супер-лигата го заверија местото во квалификациите за ЕХФ Купот. Ласко Андоновски и Влатко Јовчевски беа најефикасни кај домаќинот, двајцата постигнаа по пет гола, на другата страна Дејан Пецаковски имаше исто толку погодоци.