Променливо облачно, а попладне нестабилно време

Облачноста од север ќе се зголемува и попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а попладне, особено вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени. Во Битола до 25 степени.

Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Сподели