Променливо облачно, во Битола температурата до 14 степени

Утрово најстудено -6 Лазарополе,  Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Берово, -2 Битола, Охрид, Претор,  Маврови Анови, -1 Кр.Паланка, 0 Виница, 1 Штип, Струмица, Дебар, 2 Куманово, Прилеп, Д.Капија, 3 Тетово, 4 Скопје-Петровец, 6 Скопје-З.Рид, Гевгелија, Дојран.

Преку ноќта беше малку до умерено облачно. Изутринава во поголем дел од земјава е сончево, а во северозападните делови умерено до значително облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска променливо облачно со подолги сочеви периоди во источните делови. На планините во северозападните подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. Во Битола денеска 14 степени.

Утре променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

 

Сподели