ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 26 СТЕПЕНИ

Утрово 9 степени во Берово, 10 Претор, Лазарополе, Попова Шапка, 12 Охрид, Струмица, Крушево, Маврови Анови, 13 Скопје-Петровец, Битола, Дебар, 14 Прилеп, Демир Капија, 15 Штип, Кавадарци, 16 Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Дојран, 17 Тетово, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 19 Велес.

Најмногу дожд 56 л/м2 наврнаа во Охрид, 24 Дебар, 19 Претор, 5 Битола, 3 Попова Шапка, 2 Тетово, Крушево.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, а наместа во југозападните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утрово е сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 30 степени. Во Битола 26 степени.