ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 17 СТЕПЕНИ

Утрово -4 степени на Попова Шапка, -2 Лазарополе, -1 Маврови Анови, Битола, 0 Крушево, Берово, 1 Прилеп, Охрид, Претор, Крива Паланка, 2 Струмица, 3 Виница, 4 Штип, 5 Скопје-Петровец, 6 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, 7 Демир Капија.

Најмногу дожд 23 л/м2 наврнаа во Дебар, 18 Охрид, 16 Претор, 15 Маврови Анови, Берово, 14 Штип, Лазарополе, Крива Паланка, Крушево, 13 Ѓуриште, Прилеп, 12 Струмица, Пожаране, Тополчани, Битола, 11 Виница, Велес, 10 Демир Капија, Тетово, 9 Дојран, Гевгелија, Кавадарци, 7 Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, 6 Попова Шапка.

Висината на снежната покртивка е 4 см на Попова Шапка, 2 Лазарополе, Крушево.

Во текот на ноќта беше променливо облачно, а утрово во крајните западни и источни делови облачноста се намали. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринава облачноста се намалува на исток.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Битола до 17 степени.