Утрово 6 степени на Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Лазарополе, 10 Крушево, 12 Берово, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Виница, Куманово, 14 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, 15 Демир Капија, 16 Претор, Струмица, Дојран, 18 Гевгелија.
6 л/м2 дожд наврнаа во Куманово, 5 Крива Паланка, 4 Тетово, Дојран, Берово, 3 Попова Шапка, Штип, 2 Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, Виница, 1 Претор, Охрид.
Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со локални врнежи од дожд. Утрово е променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Битола до 25 степени.












