Променливо облачно време, попладне со дожд и грмежи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето денеска променливо облачно. Претпладне и кон југ ќе има почести сончеви периоди. Попладне и особено во планинските региони на исток и на запад, но и на север ќе има повремени врнежи од дожд и грмежи. Утринските температури од 12 до 19, а дневните од 25 до 32 степени.

До среда условите за нестабилност ќе се претежно во западните делови но ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно повеќе нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Уте ќе биде малку посвежо а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.

Share.