ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕН ЛОКАЛЕН ДОЖД

Утрово 1 степен во Берово, 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Лазарополе, 5 Крива Паланка, Крушево, 6 Претор, Прилеп, 7 Скопје-Петровец, Охрид, Битола, 8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Дебар, 9 Тетово, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, 10 Куманово, Дојран, Гевгелија, 13 Демир Капија.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово во јужните делови има слаб локален дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Времето денеска променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени. Во Битола до 14 степени.