ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ

Времето денеска променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=5. Во Битола со максимална дневна температура од 27 степени.

Според информациите од УХМР до среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.